Македонија

Член на обезбедувањето на премиерот си ја претепал сопругата, определен му е притвор

Раде Ристовски кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски добил осум дена притвор за семејно насилство затоа што ја претепал неговата сопруга Сара.

Инфирмацијата за ТВ 24 ја потврдуваат извори и од Кривичниот суд и од ОЈО ГОКК, но и од МВР.

Ристовски според информациите на ТВ 24 од полициски извори е дел од обезбедувањето на премиерот Мицкоски и бил на работна позиција како дел од обезбедувањето односно како претходница.

Според информациите на ТВ 24 Сара Ристовска е докторка и сопственичка на приватна ординација. Извори од Кривичниот суд велат дека Ристовски се гони за кривино дело за кое е предвидено затвор од шест месеци до три години.

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2