Свет

Поранешен џихадист тврди: Турција соработува со ИСИС

Махмут Гази Татар од Турција, бил припадник на озлогласената терористичка организација Исламската држава, а за порталот Спутник, го раскажал своето патешествие што го минал како дел од ИСИС. Во својата приказна тој потврдува и дека терористите му продаваат нафта на Турција.

gihadistttt

Махмуд на 24 години отпатувал во Сирија и таму видел и слушнал сешто, од шверц на нафта до злосторнички дела и безмилсни убиства.

Тој го откажал факултетот и се зачленил како волонтер во бегалски камп во неговиот град, каде го запознал Ахмет К.

„ Откако се сретнавме во кампот, долго време не се имавме видено. Потоа случајно се сретнавме во центарот на градот, па почнав да одам кај него на часови по Куран. Ахмет пет месеци ме учеше на основите на муслиманската вера”, раскажува Махмуд.
„На обуките сите одевме индивидуално, не се среќававме со други членови од групата надвор од куќата. Ахмет зборуваше дека ИСИС е единствената вистинска организација за муслиманите и дека наскоро во сите земји ќе почне да го шири Калифатот.” – вели Махмуд.

Потоа, полицијата за неговиот „професор” распишала потерница и тогаш тој решил да го напушти градот и да им се придружи на џихадистите од Исламската држава.

Во неговото патување му помогнал човек со прекар „Шверцер” кој го одвел до турско-сириската граница.

„Заедно со уште седумнаесет мажи, ја преминавме границата на километар од турскиот премин Каркамиш. Не сретнавме ниту еден турски војник. Во Сирија не пречека членот на Исламската држава, Абу Бакр. Другиот ден ни се придружија уште десетина луѓе, а потоа отидовме во кампот на обука, кој се наоѓаше на пет километри од границата. Во кампот слушавме часовим по Куран и имавме воени вежби.” – раскажува Махмуд.

Кога завршила обуката тој добил дозвола да се јави кај семејството. Махмуд објаснува дека ИСИС никогаш не дозволува фамилијарни контакти, во првите шест месеци од обуката.

Махмуд тврди и дека ИСИС соработува со Турција и и продава нафта. За возврат од Турција и Арапските земји џихадистите добивале разна роба. Еден од џихадиситите Абу Талха, како што тврди поранешниот терорист, му објаснал дека со посредство на турски бизнимесни, ИСИС му продавала нафта на турците.

Денес, Махмуд се наоѓа во затвор, откако во јуни го заробија Курдските народни заштитни единици.

Поврзани вести

Back to top button