Магнезиумот во превенција од рак на панкреас

Објавено: среда, 23 декември 2015 во 22:18
Spread the love

Честото конзумирање храна богата со магнезиум во нова студија спроведена во САД е поврзано со помал ризик од рак на панкреас.

магнезиум

Добри извори на магнезиум се листест зеленчук, јаткасти плодови, мешунки и авокадо, пишува „British Journal of Cancer“.

Наодите на научниците од Универзитетот Индијана се собрани од околу 66.000 испитаници на возраст од 50 до 76 години.

Се покажало дека секое намалување на просечното внесување на магнезиум за 100 милиграми е поврзано за 24 отсто поголем ризик од рак на панкреас.

Научниците појаснуваат дека магнезиумот е вклучен во регулација на работата на над 300 ензимски состави кои контролираат низа многу различни процеси во организмот.

На мажите им се препорачува дневно внесување на магнезиум од 420 милиграми, а на жените од 320 милиграми.

Ракот на панкреас во САД е четврти најчест причинител на смрт од карцином.