Погледнете што се прават овие деца за да стигнат на училиште
Мала група деца, кои живеат во изолирано село во Кина во областа Чаоџу, секојдневно ги ризикуваат своите животи за да стигнат до училиштето. Тие мораат да се качуваат и симнуваат по импровизирани скали, а тоа патување вклучува и придржување за околните камења!
Најголем проблем претставуваат временските услови како што се дождот, ветрот и снегот, кога теренот станува уште полизгав и нестабилен.
Учениците се стари помеѓу 6 и 15 години, а потребно им е околу два часа за да се спуштат од селцето на врвот на карпата висока 800 метри до училиштето кое се наоѓа во подножјето.
Децата по симнувањето поминуваат две недели во училиштето, па повторно се враќаат во своите домови за да се видат со семејството.
Селото е старо околу 200 години и во него живеат 72 фамилии кои заработуваат за живот одгледувајќи чили пиперки на многу плодно тло.
Кинеската влада ја отфрлила можноста за изградба на пат со образложение дека трошоците (околу 8 милиони евра) не би биле исплатливи. Наместо тоа, на жителите им се поделени овци во вредност од 135.000 евра.
Селото во иднина би можело да се приклучи на туристичката индустрија.