Свет

Војна за која малку се знае: Америка започнала офанзива против ИСИС

Курдските и арапските борци, со поддршка на САД, ја поразиле Исламската држава северно од нејзиното сириско упориште Рака, додека ирачките сили удирале на градот Фалуџа кој е во рацете на џихадистите, во двојната офанзива со најзначајни копнени напади на екстремистите откако во 2014. година прогласиле калифат во Сирија и Ирак.

Фоторепортерот на агенцијата France Presse видел американски војници како во близина на линијата на фронтот северно од Рака, во борбите ѝ помагаат на курдско-арапската алијанса, позната како Сириски демократски сили, која соопштила дека ослободила пет села и четири полиња.

Сириската опсерваторија за човекови права наведува дека борците на Сириските демократски сили вчера гранатирале положби на ИСИС на 60 километри од Рака, додека коалицијата на чело со САД речиси константно изведувала воздушни удари.

Во меѓувреме, ирачките трупи со поддршка на провладината милиција, напредуваат кон Фалуџа од околните области, додека хуманитарната координаторка на ОН во Ирак предупредува дека добива “вознемирувачки извештаи” за цивилите во зоните под опсада.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Pics of U.S. soldiers, wearing Kurdish YPG patches, fighting ISIS in , N. countryside. V @afp @akhbar.

Обединетите нации соопштиле дека само 800 од околу 50.000 жители на Фалуџа успеале да побегнат од тој град од 22. мај.

Истовремено, пратеникот на ЕУ за Сирија, Стефан де Мистура, рекол дека на цивилите во сириските градови под опсада им се заканува глад доколку Дамаск и бунтовничките групи не овозможат подобар пристап до конвоите со хуманитарна помош, пренесуваAFP.

Советот за Безбедност при ОН денес ќе ја разгледува хуманитарната ситуација во Сирија, и можноста за доставување на помош преку падобранци.

K24 footage of the YPG Special Forces. They were reportedly being trained today by US Special Forces.

САД и нивните сојузници се фокусирале на Рака, Фалуџа и евентуално Мосул во обидите да ја поразат ИСИС, но експертите тврдат дека копнените напори веројатно ќе бидат комплицирани и долготрајни, наведува AFP.

За дефинитивно да ја поразат Исламската држава, оценува француската агенција, ирачките и сириските борци е мора да се позанимаваат со локални проблеми, секташката политика и етничките поделби.

Поврзани вести

Back to top button