Живот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Oдбила да се омажи за маж кој ѝ бил наменет, а тој како одмазда ѝ фрлил киселина во лице

21-годишната Сајма Мехмуд од Пакистан доживеала една страшна и непријатна ситуација, која би можела да ја чини живот. Имено, таа одбила да се омажи за маж кој ѝ бил наменет, а тој како одмазда ѝ фрлил киселина во лице.

sejma2

Сајма ја запросиле двајца мажи, меѓутоа, таа го одбила првиот, па тој решил да ѝ се одмазди на брутален начин.

Жената веднаш била сместена во болница, каде ѝ била пружена адекватна медицинска помош, меѓутоа мажот успеал да го уништи нејзиното лице, раце и предниот дел од телото.

“Таа е во болница речиси секој ден, бидејќи константно ѝ е потребна нова количина крвни зрнца. Нејзините родители немаат доволно пари да си дозволат вакво лечење, и затоа ѝ е потребна помош”, стои на Фејсбук, пренесува Telegraf.rs.

Добрата вест е што лечењето почнало, но патот до заздравувањето ќе биде многу долг.

Дури 750 жени во Пакистан годишно се жртви на напади со киселина, а кога тоа ќе се случи, општеството целосно ги отфрла.

Поврзани вести

Back to top button