Живот

Открила дека има рак на 24 години: „Овие симптоми не смеете да ги занемарувате”

натата година Хедер Китинг ги добила најлошите вести во животот – иако имала само 24 години, ѝ бил дијагностициран карцином на грлото на матката. Се борела и победила во борбата, но денес сака да ги предупреди сите девојки ширум светот дека годините не значат ништо и дека некои симптоми не смеете да ги занемарувате, без разлика колку сте млади.

Оваа млада девојка од Ирска се обратила кај гинеколог бидејќи почнала да крвари измеѓу циклусот и после секс. Меѓутоа, бидејќи имала само 24 години, а според ирските прописи жената мора да биде постара од 25 години за да добие бесплатен пап тест, докторот ѝ рекол да појде наредната година за да се тестира. Таа мислела дека е сосема во ред – и ниту на крај памет не ѝ било дека толку млада девојка може да има рак на грлото на матката.

mlada2

Но, три месеци подоцна крварењето станало толку лошо, што станала анемична и повторно отишла на доктор. Се согласила да ги плати тестовите и набрзо ја испратиле на онкологија.

Ако на време го направела тестот, докторите би ги забележале изменетите клетки на нејзиното грло од матката пред да станат канцерогени. Но, бидејќи чекала три месеци, добила поразувачка дијагноза – рак.

„Ова беше најтрауматичното искуство во мојот живот. Одев на магнетна резонанца и, за среќа, беше откриено дека канцерот не се проширил, дека сè може да се реши со операција. Повеќе немам рак! Но, ова е искуство низ кое никој не треба да поминува“, напишала Хедер на својот профил на Фејсбук по повод Европската недела на превенција на рак на грлото на матката.

Таа им нагласила на девојките кои се помлади од 25 години веднаш да се обратат кај лекар доколку имаат некои од симптомите кои и таа сама ги имала:

» Абнормално крварење
» Силни или продолжени менструации
» Крварење измеѓу менструација
» Крварење после секс
» Крварење после менопауза

Хедер се надева дека со ова ќе успее барем малку да ја подигне свеста кај жените ширум светот.

Поврзани вести

Back to top button