Свет

Откриен таен план на Стејт Департментот: Бомбардирајте ја Сирија по југословенското сценарио

Вработените во Стејт департментот на САД во писмо до раководството на агенцијата предлагале напади на трупите на сириската власт по “југословенско сценарио”, пишува “New York Times”, кој имал увид во текстот од документите.

bombardiranje-sirija-stejt-department-04

Минатата седмица се дознало дека 50 службеници од американскиот Стејт Департмент потпишале интерен меморандум со кој се повикува да започне бомбардирањето на силите на официјален Дамаск. Тие велат дека тоа е единствен начин за борба против ИСИС и постигнување на мир во Сирија.

Официјалниот претставник на Стејт департментот, Џон Кирби, го потврдил постоењето на петицијата, меѓутоа, не откривал детали, велејќи само дека раководството ја разгледува.

“Гледаме смисла во активната воена улога на САД во Сирија на основа на разумна употреба на далечинско оружје и оружје од воздух, што би можело да придонесе и помогне во поагресивен дипломатски процес под раководство на САД”, пишува во писмото кое го наведува весникот.

Во коментарите на весникот за документот се објаснува дека под “оружје” посебно се подразбираат крстаречки ракети, кои може да се лансираат од голема оддалеченост, што не би им овозможило на трупите на сириските власти да одговорат на нападите.

Токму така коалицијата на НАТО на чело со САД постапила за време на операцијата во Југославија во 1999. година, со што ги натерала властите во земјата да започнат политички дијалог, кој се завршил со прогласување на независност на Косово.

Некои сметаат дека таквата споредба е неточна поради активното учество на Русија и Иран во војната во Сирија, и сугерираат дека тие земји би можеле да ги зголемат своите активност за поддршка на сириските трупи, со што би ги неутрализирале американските напади”, ја коментирал ситуацијата новинарот на весникот, Макс Фишер.

Во затвореното писмо на вработените во Стејт департментот има вкупно десет точки во кои се образложува потребата од напад на властите на Сирија за ставање крај на граѓанската војна во земјата, решавање на хуманитарните потреби, враќање на бегалците, како и борбата против ИСИС. Ова последното се објаснува со фактот дека нападите на САД би можеле да ги спречат нападите на сириските трупи на силите на опозицијата, која ќе може да се насочи во борбата против ИСИС.

 

 

Поврзани вести

Back to top button