Uncategorized

Опасност од поплавување на главниот град на Исламска држава

Џихадистите на Исламската држава стравуваат дека може да се случи катастрофа и да биде поплавен градот Рака кој што е таканаречен Главен град на Калифатот и нивно најголемо упориште во Сирија.

Табка, најголемата брана на реката Еуфрат во Сирија е делумно оштетена после инензивните борби помеѓу одредите на вооружената коалиција на Демократските сили на Сирија и џихадистите на Исламската држава, пренесува либанската државна телевизија „Мајадин“.

Хидроцентралата „Табка“ е изградена во 70-тите години со помош на експерти од поранешниот Советски Сојуз. Токму таму се наоѓа и најголемиот резервоар со вода во цела Сирија.

Повикувајќи се на добро известени извори, либанската државна телевизија „Мајадин“ пренесува дека хидроцентралата повеќе не работи, откако бил регистриран голем дефект во центарот за управување.

Како што соопштија на телевизијата, причината за оштетувањето била голема експлозија на граната и се претпоставува дека станувало за воздушен удар или пак артилериски оган. Техничарите кои што требало да ја санираат браната засега немаат пристап поради големите борби кои што се водат во околината на објектот.

Арапско-курдските одреди на Демократските сили на Сирија се наоѓаат на најмалку 4 километри од браната. Нивната главна цел е освојување на Табка – последното големо утврдено упориште на Исламската држава на патот кон градот Рака.

Инаку, моментално Демократските сили на Сирија, поддржани од Меѓународната Анти-ИСИС коалиција предводена од САД се подготвуваат за голема офанзива за ослободување на најголемото упориште на џихадистите во државата, градот Рака.

Дека деновиве следува голема офанзива на Рака потврди и францускиот министер за одбрана, а деновиве исто така се појавија информации дека американски падобранци се спуштиле зад непријателските линии во пресрет на големата офанзива.

Поврзани вести

Back to top button