Избор на уредникотСвет

Нов тренд: Масовно покрстување на бегалците

Бегалците од Иран, Авганистан и Пакистан во своите земји не можеле да ја променат верата, па така сега масовно се покрстуваат во базените во Германија.

Новинарите на германски „Дојче Веле“ се прашуваат дали мигрантите ја примаат Христијанската вера од убедување, или пак на тој начин сакаат да им се додворат на Германците и тоа го прават за да добијат азил.

Германското национално радио ја пренесе приказната за 25-годишниот Иранец Бенџамин кој станал Христијанин откако бил покрстен во водите на градскиот базен во Хамбург. Тој бил покрстен од свештеник од германската-персиска заедница. Во неговата земја, тие кои што ќе ја примат христијанската вера добиваат смртна казна.

„Денес започнува новиот живот за мене, сега му припаѓам само на Исус“, радосно кажал Бенџамин.

Како што пренесува „Дојче Веле“, таквата одлука не ја донел само Иранецот Бенџамин, туку и уште над 70 лица кои присуствувале на настанот и во ист ден со него биле покрстени во Хамбург. Од почетокот на оваа година во таа заедница биле покрстени 600 луѓе. Кај останатите заедници наводно растел интересот за да се зачленат и да ја примат христијанската вера. За споредба, минатата година Заедницата на Светото Тројство од Берлин покрстила 185 лица.

„Причините кои се наведуваат во барањата за промена на верата горе-долу се слични. Многумина велат дека се разочарани од Исламот“, изјавил свештеникот Алберт Бабајан, пренесува „Дојче Веле“.

begalci2

Бенџамин за германските новинари исто така изјавил дека е разочаран: „Во Иран започнав да ги проучувам и другите религии. Тогаш се запрашав, зошто всушност јас цел живот живеам во страв?“, вели Бенџамин кој открива дека во Хамбург се запознал со двајца Христијани од Иран и благодарение на нив ја пронашол заедницата која што нагло се зголемува.

„Дојче Веле“ пренесува дека германските власти сметаат дека преминувањето во Христијанството се искористува за полесно добивање на азил. Според информациите на Сојузната канцеларија за миграција и бегалци, верската припадност на барателите на азил, па дури и ако лицето неодамна ја променило верата, може да биде причина за полесно добивање на азил затоа што поради тоа, на лицето во неговата матична земја му се заканува прогон.

Германското радио ги пренело и зборовите на свештеникот Алберт кој тврди дека не се сомнева во лицата кои што ги покрстил. Сепак, пред некој да ја прими христијанската вера мора да помине повеќемесечен верски курс, а во рамките на курсот, се толкува Библијата и се учи германскиот јазик.

„После тоа, не може секој од нив да биде покрстен. Ако добијам впечаток дека некој не верува од срце, тогаш тој ќе мора уште еднаш да го помине курсот“, изјавил Алберт Бабајан.

Поврзани вести

Back to top button