Сали Бериша ги повика Албанците да се вооружат

Објавено: четврток, 21 април 2016 во 18:44
Spread the love

Поранешниот албански премиер Сали Бериша денеска ги повика Албанците да се снабдат со оружје бидејќи Владата не може да се справи со криминалот, пренесува БТА.

Тој ја обвини Владата за поврзаност со криминалните банди.

Бериша се повлече од премиерската функција во 2013 година откако неговата десноцентристичка Демократска партија ги загуби парламентарните избори.

Поседувањето на оружје во Албанија е незаконско, а апелите за кршење на Законот е казниво и предвидени се 10 години затвор.

Министерот за внатрешни работи Саимир Тахири, една од целите на критиките на Бериша, официјално побара од Обвинителството да покрене дело.