Свет

На терористот во Њујорк му пречеле божиќните украси

Младиот бомбаш со потекло од Бангладеш открил дека нападот го планирал да го изведе како одмазда за американските напади на територијата на Исламската држава.

27-годишниот Акајед Улах, имигрант од Бангладеш, вчера делумно детонираше импровизирана експлозивна направа на автобускиот терминал „Порт Ауторити“ на Менхетн, во близина на популарниот „Тајмс Сквер“. Во нападот беа повредени четири лица, меѓу кои и напаѓачот кој помина само со повреди поради неуспешната експлозија.

Полицијата соопшти дека главниот мотив на бомбашот од Бангладеш била одмаздата поради американските напади на Исламската држава, а локацијата ја избрал поради бројните Божиќни плакати кои што се наоѓале на станицата, пренесува „БиБиСи“.

Улах моментално се наоѓа во одделот за интензивна нега во тешка здравствена состојба. Тој претрпел тешки изгореници затоа што експлозивната направа била закачена на неговото тело кога ја активирал.

Тој на полицајците им рекол дека бил инспириран од терористичките напади во Европа за време на Божиќните празници минатата година кои што беа изведени од радикалните исламисти, симпатизери или членови на Исламската држава.

Бомбашот живеел во Бруклин, а до неодамна работел во една електрична компанија. Емигрирал во САД во 2011-та година, а во Бангладеш дотогаш немал никакво криминално досие.

Поврзани вести

Back to top button