Свет

Maјката скокна врз Јелена за да ја заштити од експлозијата

Идентификувани се повредените и загинатите во текот на вчерашниот ерористички напад во Санкт Петербург, а според најновите информациите билансот е 14 загинати и 51 лице повредено.

Меѓу загинатите е и Ирина Медиантсева (50), позната руска производителка на кукли, која со своето тело го заштитила животот на својата ќерка Јелена (29) така што се фрлила врз неа во моментот на експлозијата и ги примила смртоносните удари од гелерите и детонациите.

Јелена моментално се наоѓа во болница откако синоќа имаше мала операција и се наоѓа на интензивна нега и надвор од животна опасност. Меѓу загинатите е и Дилбера Алиева (20) од Азербејџан, која почина во болница.

Максим Аришев (22) од Казахстан исто така загина во експлозијата во метрото во Санкт Петербург. Тој инаку е редовен посетител на овој град бидејќи неговата девојка живее во Русија.

Меѓу оние кое за влакно ја одбегнаа смртта е и психологот Надежда Соседова (53) која за Дејли Мејл објасни како изгледал нападот.

– Се се случи наеднаш, седев и дремев кога одеднаш се слушна страотна бука и нешто ме удри во глава. Оган имаше насекаде, косата ми гореше и едвај излегов на време од возот, така што едно момче ме извлече низ прозорец, рече таа.

Животот инаку го загубија и Александра Зјаблитскаја (15) од Сибир, Јури Налимов (71) и Ксенија Миљукова (18).

Поврзани вести

Back to top button