Избор на уредникотМакедонијаРелигија

Ќе ви ја стопли душата – „Вечниот Бог“ испеана од нашите музички ѕвезди (ВИДЕО)

Во пресрет на Бадник и Божиќ, македонските музички ѕвезди се здружија и ја препеаја една од најпознатите божиќни песни „Вечниот Бог“.

Во проектот инициран од Бигорскиот манастир, што има за цел да внесе празнична атмосфера на љубов и радост во секој дом, се вклучија Елена Ристеска, Даниел Кајмакоски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Next Time, Димитар Андоновски, Влатко Лозаноски, како и „Златните славејчиња“, кои на 6-ти јанари ќе ги предводат Бадниковите поворки низ цела Македонија.

„Доживејте вистинска Божикна радост, која ќе Ве натера да извикате ХРИСТОС СЕ РОДИ!“ – велат учесниците во спотот.

А Бадниковата манифестација „Бадникови поворки“ за која и се наменети песната и спотот, ќе се одржи на 06.01.2018 низ улиците на сите градови во Македонија.

Ајде сите да ја научиме Божиќната песна и да им се придружиме на Бадниковите поворки во родниот град или на централната манифестација во Скопје, на кои учество ќе земат околу 7000 дечиња кои всушност ќе ја сочинуваат и најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет воопшто – стои во соопштението на Здружението за возобновуање на православните традиции во Македонија „Бадникови поворки“, кое е всушност и организатор на сите овие активности поврзани со претстојното прославување на Бадник и Божиќ.

Поврзани вести

Back to top button