Избор на уредникотРелигија

Како искомерцијализираниот Запад Свети Никола го замени со Дедо Мраз

Свети Никола денес се смета за небесен заштитник на Русија и Грција. Овој светител e доста ценет и во западниот свет. Меѓутоа споменот и празникот на Свети Никола во модерното западно општество има огромно комерцијално значење.

Искористувајќи го фактот дека овој голем светител им помагал на луѓето не ретко и на материјален план, капиталистичката машинерија врши силна кампања за масовно купување и подарување на подароци. Ултрапотрошувачката култура која е превземена од САД има главна улога во овој процес. Така е настанат и ликот на Дедо Мраз.

Во негова чест во западно европските земји, уште пред три века се раширил еден убав обичај, родителите на децата токму на денот на Свети Никола да ги даруваат своите деца, зборувајќи им дека тие поклони ги носи лично самиот светител Никола, бидејќи тие во текот на годината биле добри и послушни.

Но во 19 век се врши  комерцијализација на ликот на Свети Никола. Ова кулминира во 1931 година, кога во рекламната кампања на „Кока-кола“ ликот на Свети Никола е заменет со ликот на „современиот,“ иронично целосно искомерцијализиран, корпорациски Дедо Мраз.

Најинтересно е тоа што по Втората светска војна, власта на СССР, најголемата христијанска земја во светот, односно Сталин лично забранил да се употребува името на свети Никола, а со тоа отвора простор христијанскиот светец во глобални рамки веднаш да се замени со Дедо Мраз.

Оттука, Дедо Мраз е измислица на западната комерцијална машинерија, но во исто време тој е и трансформација на Свети Никола, односно искомерцијализиран лик на светецот.

Поврзани вести

Back to top button