Исламската држава ја повикува Србија на света војна против западот
Исламската држава позната како ИСИЛ ја повикува Србија на света војна против „Ѓаволска Европа“, како што го нарекуваат Западот, пренесува албански Телеграф.
-Ние повторно ќе дојдеме за да ја освоиме Европа. Апелираме до Балканците, а посебно до Србите, кои имаат најмногу страдано од западот, да ни се придружат во светата војна. Срби, доколку ни се придружите во нападот против „Ѓаволска Европа“, ќе имате голема придобивка како територијална така и економска.
Ние не ви гарантираме само пусти евро интеграции од кои не добивате ништо, туку ви нудиме ослободување и обединување на Европа под наше водство.
-Ние не сакаме да војуваме со вас, туку заедно да ја забиеме последната шајка во ковчегон на мртвата Европа. Го поздравуваме и фактот дека дозволивте половина милион муслимани да поминат на ваша територија, кои одат во Германија се со цел основање на Исламската држава. Од таа причина веруваме дека ќе ја напуштите „ѓаволската коалиција“ и ќе ни се придружите на нас кои ви нудиме многу повеќе од евро-интеграции, ви ги нудиме сите благодети на Европа. Ви нудиме можност за одмазда поради бомбардирањата во 1999 година, но и поради геноцидот кој Западот го изврши многу пати врз вас, се вели во обраќањето на припадниците на ИСИЛ од турската фреквенција.