Свет

Експерти предвидуваат распад на ЕУ во 2016 година

Има многу причини зошто иднината на Европската унија е загрозена. Во анализата на Ројтерс, како главни проблеми кои следната година можат да предизвикаат распад на Унијата се излезот на Велика Британија, улогата на Ангела Меркел во ЕУ, кризата во Украина и бегалската криза.

Оваа година може да се каже дека беше „пеколна” за ЕУ, но следната може да биде уште полоша ако Британците изгласаат да излезат од Унијата.

Покрај тоа, овогодишните политички и економски шокови, проследени со приливот на бегалци, грачката криза и засилениот тероризам, доведоа до одново воведување на гранични контроли. Во многу земји се повеќе зајакнуваат и десничарските и антиевропските политички сили.

Претседателот на Европската комисија  Жан-Клод Јункер предупреди дека шенгенската зона е загрозена и рече дека еврото не би преживеало ако државите од ЕУ ги затворат границите.

Раздорот во ЕУ се отсликува и преку улогата на германската канцеларка Ангела Меркел, која експертите за Ројтерс ја нарекоа „некрунисаната кралица на ЕУ”. Меркел не наиде на голема поддршка од своите партнери, на предлогот да се распределат бегалците во земјите од ЕУ. Голем дел од земјите се залагаа да се запечатат европските граници и да не се пропуштаат бегалци.

Некои партнери како Берлин на пример, ја обвинија Меркел за лицемерство, поради енергетската врска со Русија. Во други земји како Франција, Холандија и Данска се повеќе растат десничарските и андимиграционите политички сили.

Еден од проблемите, кој најверојатно ќе се влоши и следната година е тоа што главните европски лидери се политички слаби и преокупирани со проблемите во матичните земји, па не се во можност да покренат колективна акција, пишува Ројтерс.

Уште една закана за ЕУ е излезот на Британија од Унијата. Ако Британија, како втора најголема економска и воена сила на Европа го напушти ЕУ бродот, тоа би било болен удар за Унијата којшто ќе се почувствува во сите земји членки.

Поврзани вести

Back to top button