Исламска држава ќе ја напаѓа Европа од Африка
Објавено:
понеделник, 21 август 2017 во 11:06
Стотици членови на таканаречената Исламска држава се вратија во северна Африка и можата да ја искористат како основа за нови напади на европскиот континент, предупредува денес британскиот “Гардијан”.
Лондонскиот дневник го пишува ова во статијата со наслов “Мароканските терористи на Исламска држава – закана на прагот на Европа”, додека интензивира потрагата по припадниците на келијата предводена од Мароканците, кои се сметаат за одговорни за терористичките напади во Шпанија.