Свет

ИСИС објави нов брутален начин на погубување – со доброволци (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Припадниците на Исламска држава објавија видео во кое убиваат пет затвореници со помош на доброволци од публиката во ирачката провинција Нинива, чиј главен град е Мосул.

На снимката се гледаат пет мажи во црвени комбинезони, кои се обвинети за богохулење, како клечат додека над нив стојат џихадисти на ИСИС. Во еден момент еден од џихадистите ги прашува насобраните дали има доброволци.

Од стотината луѓе во публиката се јавуваат неколку доброволци. Џихадистите им даваат пиштоли за тие да ги убијат заробениците, што и го прават на одушевување на публиката.

Заробениците се убиени со по неколку куршуми, а еден од доброволците егзекуцијата ја прославил со испукување неколку куршуми во воздух.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

Поврзани вести

Back to top button