Бизнис

Германија најдобра земја на светот

Државата позната по своето пиво, композиторот Јохан Себастијан Бах и автомобилската индустрија е избрана за најдобра земја за живеење според извештајот подготвен од страна на американскиот магазин „News & World“ извештај.

На второто и третото место се Канада и Велика Британија а САД е на четврто место во студијата која што е објавена за време на „Светскиот економски форум“ во Давос.

Најголемите причини за првото место на Германија на листата е силната економија и влијанието на светските прашања како што е бегалската криза и единството во Еврозоната. Германија е посилна и во категоријата претприемништво во која САД со децении се сметаат за најдобри.

Во категоријата туризам на првото место е Бразил, Луксембург е најдобро место за водење бизнис а Франција има најдобра култура благодарение на својата храна и уметност. Најдобар квалитет на живот има во Канада а Италија е земја со најдобра традиција додека Индија е земја со најпросперитетна економија.

Магазинот „News & World“ е познат по рангирање на унниверзитети, болници и други институции а годинава испитувашњ како државите се доживуваат од другите земји во се повеќе конектираниот свет.

Во испитувањето се опфатени 60 земји а истражувани се 24 критериуми како моќ, одржливост и економско влијание. Свои ставови за прашањата дале повеќе од 16,200 бизнис лидери, информирана елита и граѓани.

Поврзани вести

Back to top button