Свет

ИД го разурна и најстариот христијански манастир „Свети Илија“ во Мосул

Најстариот манастир во Ирак, „Свети Илија“, е срамнет со земја, со што стана последната  жртва на варварските разурнувања на древни споменици на културата од страна на групата Исламска држава.

Веќе 1.400 години манастирот „Свети Илија“ во Мосул им прокосеше на природните катаклизми и човекови напади и посегнувања. Сателитските снимки, до кои дојдоа американските медиуми, покажуваат дека џихадистите целосно го уништиле овој храм.

Американските медиуми го цитираат преподобниот Пол Хабит Хабиб, кој живее во Ербил, дека разурнувањето на манастирот е знак за желбата на ИД да го прекине битисувањето на христијаните во Ирак.

Џихадистите од оваа група досега убија илјадници цивили и од земјата протераа стотици илјади христијани, заканувајќи и се на една религија која во оваа земја се оддржувала 2.000 години. Во својот разурнувачи поход овие варвари разурнаа повеќе историски и културни споменици во Ниневија, Палмира, Хатра, разграбаа музеи и библиотеки, изгореа книги и шверцот со артефакти го претворија во еден од своите главни извори на финансирање, потсетуваат американските медиуми.

Манастирот во Мосул, наречен „Даир Мар Илија“, го носи името на асирискиот христијански монах, кој го изградил меѓу 582 и 590 година. Со векови манастирот бил местото за поклонение на ирачките христијани, кои се дел од блискоисточата халдејска католичка заедница.

Поврзани вести

Back to top button