ФОТО: Војна во Приштина – полицијата и демонстрантите во жестоки судири

Објавено: петок, 26 февруари 2016 во 18:21
Spread the love

Седницата на косовскиот парламент, на која се расправаше за кандидатурата на Хашим Тачи за претседател на Косово денес е два пати прекината поради солзавец кој го активираше опозицијата, продолжена е попладне, по апсењето на пратеничката Шчипе Пантине, а пред зградата се судрија демонстрантите и полицијата.

pristina2

До судирот дошло откако демонстрантите фрлале молотови коктели врз припадниците на полицијата. Полицијата, меѓу кои специјалци на единицата Роса, им возвратила со голема количина солзавец.

Платото пред парламентот на Косово поради солзавецот е во целосна магла. Полицијата за да ги растера демонстрантите користи оклопни возила и водени топови и се обидува да ги растера.