Свет
ФОТО: Турската армија влезе во Сирија?
Турски воени возила преминале во курдскиот дел од Сирија, Африн, кој се наоѓа на границата со Турција, тврди курдска новинска агенција, доддавајќи дека војниците почнале да копаат ровови во близина на Мејдан Екбис, град во провинцијата Алепо.
Агенцијата АНХА њуз јави дека десетици турски воени возила навлегле околу 200 метри во сириската провинција Алепо. Според агенција, турските војници од сириската страна на границата градат и бетонски ѕид.
Областа Африн на сириската граница со Турција е населена главно со Курди, со популација од над 170.000 луѓе според пописот од 2004 година. оваа област е фактички автономен регион Ројава, или Сириски Курдистан од 2013 година.