Бизнис

Фејсбук со заработка од 1,56 милијарди долари во последното тримесечие од 2015

Американската компанија „Фејсбук“ регистрираше заработка од 1,56 милијарди долари во последното тримесечие од 2015 година. 

Тоа е двојно повеќе од заработувачката на компанијата сопственик на најголемата социјална мрежа во светот за истиот период минатата година, кога изнесуваше 700 милиони долари.

Вкупните приходи за последното тримесечие од 2015. се 5,84 милијарди долари, што е зголемување за две милијарди долари на годишна база.

Во декември 2015 година социјалната мрежа дневно била користена во просек од 1,04 милијарди корисници или за 17 отсто повеќе од бројот на корисниците во декември 2014 година.

Повеќе од девет од секои десет корисници на Фејсбук се вклучувале преку смартфони и таблети, а голем дел од приходите изминатото тримесечие на минатата година биле од реклами во мобилната телефонија.

Поврзани вести

Back to top button