Избор на уредникотМистерии

„Фајненшл тајмс“: Франција се противи да се отворат преговори со Македонија и со Албанија поради муслиманите

Весникот „Фајненшл тајмс“ пишува дека Франција вложила жесток отпор на идејата да се отворат преговори со Македонија и со Албанија, што пак предизвикува критики од други европски дипломати кои ја обвинуваат Франција дека ќе остави простор за ширење на влијанието на Кина, Русија или Турција на Балканот.

Според Париз, Албанија и „Северна“ Македонија треба да спроведат дополнителни реформи пред да ги почнат преговорите. Франција воедно бара процесот на проширување во целина да стане потежок и да биде реверзибилен, пишува „Фајненшл тајмс“.

Весникот цитира европски дипломат кој вели дека „Французите си играат со оган – може да предизвикаат нестабилност во регионот. Ова е многу сериозна работа“. Причините поради кои Франција го кочи проширувањето, пишува „Фајненшл тајмс“, е тоа што во земјата има пораст на десничарските партии кои се загрижени поради приемот на нови балкански членки во ЕУ, што може да донесе наплив на муслимански доселеници и балкански криминални банди.

Според „Фајненшл тајмс“, Франција е единствената држава која се спротиставува на отворањето на преговорите со Македонија, додека пак за Албанија има повеќе земји кои се критични. Весникот го цитира министерот за надворешни работи Никола Димитров кој ги претставува, според него, успесите на Македонија – решен „невозможниот“ спор со Грција и „демократски пресврт во земјата“.

Политиката на проширување на ЕУ и европската перспектива за Балканот се доведени во прашање. Прашањето е дали ЕУ ќе го остави светилникот запален за нас, Димитров изјавил за „Фајненшл тајмс“

Весникот цитира уште еден поддржувач на Владата на Заев, Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност. Според Кнаус, ЕУ би требала да го одобри отворањето на преговорите со Македонија и Албанија, но потоа да го реорганизира Балканот така што ќе го стави во бесцаринска зона – Европската економска зона на југоисточна Европа. Со тоа, балканските земји би биле ставени во група која ќе спроведува европски правила и во таквиот балкански сојуз би чекале да добијат дозвола за влез во ЕУ.

Поврзани вести

Back to top button