Свет

Еврпа го призна Ердоган за султан

Европа не се срами да склучи валкана зделка со Турција, за да запре бегалскиот поток. ЕУ очигледно е подготвена да се откаже од своите вредности и да стане непробојна тврдина – токму како што сакаат и десните популисти-анализира DW.

Особено сега – денови пред локалните избори во неколку германски провинции – германските политичари имаат потреба од силни пораки. На пример вака: “бегалската криза е надмината!”. Само што канцеларката е принудена да се помири со фактот дека конечната одлука на кризата со бегалците се одложува. Таа веројатно само со половина уста ќе го претставува како “пробив” најновиот предлог на Турција да прифати назад илегалните мигранти од Грција со неколку одредени услови. Сличен “напредок” не прави никаква работа во германската предизборна борба. Турскиот предлог беше “истрелано” премногу одеднаш. И така премногу детали останаа недоутврдени.

И овој пат источноевропските држави беа оние кои покренаа спорови. Некои се чувствуваат запоставени од одлуката што според нив била иницирана од Германија. Канцеларката демантираше дека има такво нешто. Само што на некои од европските лидери насекаде им се гледа долгата рака на Берлин и тоа всушност им е доволно за да се објават против секој нов предлог. Унгарија пример уште еднаш најави дека не се согласува со прераспределбата на сириските бегалци низ европските држави. Во борбата против сите “страни” Будимпешта пројавува неверојатна упорност.

Точно е дека во турскиот предлог недостигаше еден премногу важен детал: датумот од кој земјата ќе почне да прима назад бегалците од Грција. И уште нешто: разбирливо на некои европски држави цената за тоа ветување им се виде премногу висока: Турција сака дополнителни три милијарди евра за сириските бегалци кои живеат на нејзина територија, безвизен режим за турските граѓани уште од јуни оваа година и забрзани преговори за прием на земјата во ЕУ. Особено против последниот услов се возгордеа силен приговор, без оглед дека сите европски држави сакаат едно: колку што е можно побрзо да ги затворат портите на Европа за бегалци. Австрија и балканските држави сметаат дека затворената граница кон Македонија исто врши работа – при тоа без да има потреба да се прават нови попусти на Турција.

Она што речиси не беше разговарано на овој самит, беше следново прашање: Како да се води пазарот со една земја како Турција, која токму сега на провокативен начин ја укинува слободата на печатот? Во слична ситуација всушност би било редно веднаш да се прекинат преговорите за прием на Турција во ЕУ. Освен ако предметниот критериум (за слободата на печатот) не биде на брза рака изваден од листата со основните барања на ЕУ. Но очигледно Заедницата е способна дури и на такво нешто, бидејќи е крајно настрвена да склучи договор, со помош на кој ќе се ослободи од бегалците.

Овој пат критиките против нападите врз печатот и кршењето на човековите права во Турција звучеше така плашливо, како инаку само во однос на Кина. Очигледно вредностите на ЕУ се само украс што за време на преговори стануваат пречка.

А што да кажеме за судбината на очајните луѓе кои сега се блокирани во Идомени? И за тоа не беше речено ниту збор. Хуманизмот беше погребан брзо и темелно. Ниту збор и за тоа дека Турција само делумно може да биде квалификувана како “безбедна трета земја”. Во секој случај тоа не е правна држава, што беше докажано со нејзините дејства против весникот “Заман”.

Чекор по чекор кон тврдината ЕУ

Зарем сега Турција ќе започне да ги истиснува апсолутно сите ирачки бегалци назад преку границата кон Мосул, да ги враќа со авион сите Авганистанци во Кабул и без гужва да ги испраќа Иранците назад во нивната татковина?
Во Германија такво нешто не е можно, бидејќи секој бегалец има право на тоа да бидат проверени неговите индивидуален основи за азил. А ЕУ како целина е должен да ја почитува Женевската конвенција за бегалци. Сега сето тоа сепак очигледно не игра никаква улога, бидејќи главната заповед гласи: бројот на бегалците да се сведе на нула.

Така ние постепено се доближуваме до идеалот на сите десничарски популисти – имено до претворањето на Европа во непробојна тврдина. Откако прифати само околу милион бегалци, ЕУ очигледно не сака да ја стави под прашање сопствената иднина, да склучи валкан зделка со Турција и да ги отстрани сите мостови кои ја поврзуваат тврдината со надворешниот свет. А тоа е премногу жална претстава.

Поврзани вести

Back to top button