Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека има докази дека предводените од САД коалициски сили давале поддршка на терористички групи, вклучувајќи ја Исламска држава и курдските вооружени групи Сили за заштита на народот и Партијата на демократскиот сојуз.
– Тие не обвинуваа нас дека ја поддржуваме ДАЕШ (Исламска држава), изјави Ердоган на прес-конференција во Анкара.
– Сега тие поддржуваат терористички групи, вклучувајќи го и ДАЕШ. Тоа е многу јасно. Ние имаме потврдени докази со слики и видеа, посочи турскиот претседател.