Свет

Ердоган се заканува: Зарем на чело ни пишува дека сме идиоти? Ќе ви пратиме милиони бегалци!

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес вербално ги нападнал Европската унија и Обединетите нации поради притисокот кој го вршат на Турција да ги отвори своите граници за беглаците, заканувајќи се дека во другите држави ќе прати милиони бегалци, кои веќе се наоѓаат во Турција.

“Не ни пишува на чело дека сме идиоти. Немојте да мислите дека авионите и автобусите се таму без причина. Ние ќе го направиме неопходното”, рекол лутиот Ердоган.

Турскиот претседател претходно, во ноември, на европските службеници Жан-Клод Јункер и Доналд Туск им кажал дека би можело да дојде време Турција да го отворил излезот за бегалците кои патуваат во Европа.

“Во минатото ги сопиравме луѓето на капиите за Европа, ги сопиравме автобусите во Едрене. Ќе го отвориме излезот и ќе им посакаме среќен пат, тоа го кажав”, навел Ердоган.

Ердоган потврдил дека е точно дека на европските власти им се заканил дека Турција ќе ги преплави европските земји со бегалци.

“Горд сум на тоа што го кажав…На Европа ѝ рековме: “Жал ние е”, а потоа ќе ги отвориме границите и ќе им кажеме “пријатно” на бегалците”, рекол Ердоган, алудирајќи на разговорот кој го имал со претседателот на Европската Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Неколку илјади сириски бегалци чекаат на границата да влезат во Турција.

ЕУ и Турција кон крајот на ноември 2015. година потпишале акционен план кој предвидува европска помош од три милијарди евра за турските власти, кои за возврат треба подобро да ја контролираат својата граница во борба против приливот на бегалци од Блискиот исток.

Од тогаш, Европската унија се жали од примената на договорот.

Поврзани вести

Back to top button