Свет

Џихадистите порачаа: „Русија претрпе пораз, за 48 часа започнуваме голема офанзива”

Руските трупи се повлекуваат од Сирија, а терористите, кои не се вклучени во мировните преговори, чекаат “во низок старт”.

Откако рускиот претседател Владимир Путин најавил повлекување на повеќето од своите трупи од Сирија, Ал Каеда најавила дека во рок од 48 часа ќе започне со голема офанзива за да ја врати територијата која ја загубила.

“Јасно е дека Русија претрпе пораз и Ал Нусра ќе започне офанзива во наредните 48 часа”, рекол за AFP командантот на терористичката група која е дел од Ал Каеда.

Доколку до офанзивата навистина дојде, тоа ќе биде прв тест за тоа дали Путин ќе го остави на цедило сирискиот претседател Башар ал Асад, на кого досега му давал поддршка и на кого руските воздушни удари најмногу му оделе во прилог.

Министерот за одбрана на Русија, Николај Панков, рекол дека е тешко да се зборува за победа над терористите во Сирија, и дека неговите сили ќе продолжат да ја напаѓаат Исламската држава и нејзините сојузници од воздух. Иако повлекувањето започнало во вторникот, руските трупи наводно бомбардирале положби на ИСИС кај Палмира.

Ал Нусра од ИСИС претрпела многу тешки загуби, а на некои подрачја кои ги контролира гранката на Ал Каеда, жителите се кренале против нив, бесни дека ги привлекле руските авиони кои сега ги бомбардираат нивните села.

“Ал Нусра е под голем притисок бидејќи примирјето не им оди во прилог. Тие сметаат дека мора да докажат дека сè уште ја бранат смислата на Сириската револуција”, смета Мајкл Хоровиц, експерт за безбедност, пренесуваTelegraph.

Рускиот претседател во понеделникот шокирал со одлуката дека неговите трупи се повлекуваат од Сирија, по 5-месечната офанзива. Путин рекол дека руската воени сили во Сирија ги исполниле своите цели и дека се исполнети условите за мировен процес.

 

Поврзани вести

Back to top button