Чудо: Заплака иконата на Пресвета Богородица во Скопско Трубарево
Утрово по завршување на неделната литургија, верниците забележале мироточење на иконата. Веднаш го известиле попот и надлежните од МПЦ-ОА. Очекуваат во секој момент како што велат чудото кое се случува во црквата Свети Ѓорѓија во скопско Трубарево да биде потврдено од официјални лица.
Според верувањата мироточењето на икона е предзнак, предупредување за нешто што ќе се случи во иднина. За овој случај верниците велат дека не очекува добра вест или случка бидејќи солзите се бистри и чисти.
Во случај кога истите се матни или пак црвени тогаш населението го очекувало несреќа од поголем размер.
Ова е втор пат на истата икона да се појават капки за кои се верува дека станува збор за свето миро.
Прв пат иконата била оросена на 10 април минатата година по што привлече големо внимание не само кај верниците туку и кај научниците од целиот свет кои ја посетија црквата Свети Ѓорѓија.