Живот

Болест за која малку се знае, а убива повеќе од рак на дојка

Поминав повеќе од три месеци во болница во Лондон, ја изгубив десната нога до под колено, левата рака и прстите на десната. Ме оживуваа седум пати, долго беше неизвесно и не се знаеше дали ќе преживеам“ раскажува деветнаесетгодишниот Патрик за „Би-би-си“.

Тој за малку ќе умрел од сепса која во поголемиот број европски држави убива повеќе луѓе отколку рак на дојка и рак на дебело црево заедно, но за тоа никој не зборува.

Патрик имал само девет месеци кога едно утро мајката забележала дека тој не реагира на дразби и изгледа кататонично. Матичниот лекар препишал лек за намалување на телесната температура, но загрижената мајка со синот отишла во брза помош. На патот дотаму ситуацијата се искомплицирала. На Патрик неколкупати му откажале органите.

– Поминав повеќе од три месеци во болница во Лондон – вели Патрик кој денес студира биохемија на Универзитетот во Единбург.

Што е сепса?

Сепсата ја активираат инфекции, но всушност означува проблем со имунитетот. Почнува со инфекција која може да биде предизвикана од што било, од бактериска инфекција до контаминирани посекотини или убод од инсект. Во нормални услови, имуниот систем почнува борба со инфекцијата за да се спречи нејзиното ширење. Но, инфекцијата почнува забрзано да се шири, а имунитетот почнуа да дивее.

Реакцијата на организмот е толку бурна и силна така што станува многу штетна. Таа реакција претставува синдром на системски воспалителен одговор (СИРС). СИРС е дефиниран со прилично крути критериуми како: висока температура, зголемен број леукоцити во крвната слика, забрзана работа на срцето и забрзано дишење.

Во случај кога со СИРС има и знаци на јасна бактериска инфекција или попрецизно, ако од крвата се изолираат бактерии, тогаш се работи за сепса.

Значи сепса може да предизвика само сериозно и силно бактериско воспаление, а сепса предизвикана од паразитски микроорганизми е многу ретка.

Најчести причини за сепса се воспаление на белите дробови и сериозни воспаленија на мочните канали, но буквално секоја бактериска инфекција може да премине во сепса.

Сепсата е почеста кај старите лица и децата, како и кај пациенти со оштетен имун систем (хронични болни), како и оние кои користат кортикостероиди кои го поттиснуваат имунитетот, иако сепсата може да се случи како резултат на хируршки зафат.

Симптоми:

Температура над 38,5 или под 35 степени

2. Малаксаност

3. Повеќе од 90 отчукувања на срцето во минута

4. Повеќе од 20 вдишувања во минута

5. Потврдена инфекциија

6. Намалено мокрење

7. Промена на менталниот статус

8. Отежнато дишење

9. Прескокнување на срцето

10. Намален број тромбоцити

11. Болки во стомакот

Поврзани вести

Back to top button