ЖивотИзбор на уредникот

Богата мајка ја однела ќеркичката во сиромашно село – Нејзината реакција ќе ве наежи!

Мајка од град, која добро заработувала ја однела својата ќерка во селото од кое потекнувала. 

Во деновите поминати на село, нивните главни активности биле: вадење на вода од бунарот, уживање надвор, пливање, работа на нива, и севкупно забава и смеа.

По враќањето во големиот град и луксузниот стан на вртоглава височина, мајката го прашала девојчето како си поминало.

„Прекрасно беше, мамо“, одговорило девојчето.

„Дали ти се виде интересен начинот на кој живеат?“, прашала мајката.

„Да“, одговорило девојчето.

„И, што научи?“, прашала мајката.

Ќерката одговорила: „Забележав дека ние имаме едно куче и едно маче, а тие имаат четири кучиња и три мачиња. Ние имаме мермерен базен што се протега низ градината на викендичката, а тие имаат голем поток што се протега низ шумата. Имаме скапи соларни светилки во градината, а тие имаат 6 милиони ѕвезди на небото. Нашиот балкон гледа на валканиот град, а нивниот поглед се прекрасни шуми.

Никогаш не ја допираме почвата освен на лето, а нивните раце постојано ја допираат убавата земја додека садат.

Купуваме храна од продавница, а тие ја садат својата храна. Имаме компјутерски кодови и пасворди за заштита, а нив ги штитат животните, семејството и соседите.

Мајката на девојчето се вџаши. Тогаш ќерката додаде:

„Ми покажа колку НИЕ сме сиромашни и колку посреќни можеме да бидеме!“

Поврзани вести

Back to top button