Свет

Била заробена од ИД: “Тие воопшто не се однесуваат како луѓе, не можете ни да замислите”

Мајката на четири деца, 25-годишната припадничка на Јазидите, рекла дека џихадистот, кај кој биле заробени, секојдневно ја тепал и злоставувал и дека била принудена да исполни сè што ќе побарал од неа.

Ја ослободиле Курдите, по една и пол година, заедно со уште 30 нејзини сонародници. Два дена по нивното доаѓање во бегалскиот камп Дохук, во подрачјето кое го контролираат Курдите, во северен Ирак, од Sky Newsпосведочиле за психичките и физичките тортури низ кои минале.

“Бев заробена кај борец на ИСИС по име Омар. Ме злоставуваше секој ден, а за да не останам бремена и за да може да ме мачи подолго време, пиев контрацепциски пилули. Тие воопшто не се однесуваат како луѓе, не можете ни да замислите”, рекла 25-годишната жена. Рекла дека нејзиниот татко и браќа ги одвеле од Синџар и дека не знае каде се. Но, додава, можеби е подобро да се мртви.

Кога Омар сакал да ја продаде, го молела да не го прави тоа и се заканувала дека ќе се самоубие, па тој попуштил. Иако денес е слободна, далеку е од среќен живот, а траумите и последиците од злоставувањето ќе останат засекогаш.

Меѓу ослободените биле и една 22-годишна девојка која останала бремена откако била киднапирана. Детето умрело кога имало седум месеци.

“Не ни дозволија да го погребаме. Ни беше страв, бевме убедени дека ќе ни ги пресечат главите ако не ги послушаме. Бевме тотално понижени. Нема да го заборавиме тоа додека сме живи”, рекла таа.

Поврзани вести

Back to top button