Белгијците не можат истовремено да „јадат чоколадо“ и да се борат против тероризмот
Израелскиот министер за разузнавање, Израел Кац, ги обвини белгиските лидери дека ја потценуваат заканата која ја претставуваат муслиманските радикали во оваа земја и на Белгијците им порача дека не можат истовремено да „јадат чоколадо“ и да се борат против тероризмот.
– Доколку Белгијците продолжат да јадат чоколадо, да уживаат во животот и да се претставуваат како големи либерали и демократи, место да се занимаваат со муслиманите кои организираат терористички напади во оваа земја, нема да можат да се борат против нив, рече Кац за израелското државно радио.
Кац оцени дека европските лидери и американскиот претседател Барак Обама ја загрозиле борбата против насилството што го спроведуваат џихадистите, не сакајќи да го дефинираат како „исламски тероризам“, пренесуваат француските медиуми.
-Кога не го дефинирате својот непријател, не можете ни да водите светска кампања, рече Кац, кој е и израелски министер за сообраќај.