Балканот го очекува пеколна есен: На Косово се подготвува радикализација која може да излезе од контрола
На Косово ситуацијата е прилично жестока. Неочекувно, како фаворит за нов косовски премиер изби контроверзниот Албин Курти, лидер на радикалната партија Самоопределување.
На летото му се ближи крајот, температурите веќе нема да бидат толку високи, а се чини дека есента, онаа политичката на овие простори, ќе биде и тоа како пеколна, пишува Јутарњи во својата анализа.
За отпрлика еден месец, во недела на 6. октомври, на Косово ќе се одржат парламентарните избори (причина оставката на премиерот Рамуш Харадинај, кој си ја поднесе поради повикот во Хашкиот суд), а во Србија Александар Вучиќ најавува реконструкција на владата и повторно трдиционалните медиумски шпекуации за евентуалните нови избори.
На Косово ситуацијата е прилично жестока. Неочекувно, како фаворит за нов косовски премиер изби контроверзниот Албин Курти, лидер на радикалната партија Самоопределување, а меѓу косовски Србија дојде до судбоносен раскол, помеѓу оние кои се од страната на Вучиќ и оние кои не се од негова страна.
Корекција на границите
Септември на Косово нема да донесе освежување. Од овие избори се очекува да се избере влада која би била подготвена за нова рунда преговори со Србија, затоа што Брисел повеќе не може да ги поднесе тензиите меѓу Белград и Приштина, посебно кога на маса се појави идејата за размена на териториите, односно како што некои сакаат да кажат за корекција на границите, а што интерес во прв ред покажува Вучиќ, додека меѓународната заедница го поддржува Хашим Тачи, на кого исто така оваа идеја му се гледа како привлечна.
Александар Вучиќ е за „размена“, бидејќи тоа би му овозможило да се покаже пред својата јавност дека успеал да одбрани барем нешто на Косово, а негова цел, всушност претставува да го извади од ракав на маса својот главен адут, Република Српска (токму затоа што ЕУ е против тоа), но со тоа има и проблеми со Русија која не ја поддржува „корекција“ туку и натаму стои зад слоганот „Косово е Србија“, со што пред српската јавност се претставуваат како поголем заштитник на националните интереси од самиот Вучиќ, додека Тачи тоа го поддржува бидејќи оа би значело дека Косово ќе добие признание од Србија, а можеби ќе добие и уште неколку општини во јужна Србија со Албанско мнозинство, со што би се заокружил албанскиот косовски корпус, и за евентуално полесно обедување со Албанија.
Радикализација
Но, целото тоа го чека исходот од октомвриските избори кои би можеле, како што сотојат работите, да донесат ситуација која би ги искомплицирала односите, за чиј исход Белград навива, бидејќи тоа ќе ги радикализира работите.
Значи, албанската партија на Косово сега е во фаза на создавање на коалиција, бидејќи е јасно дека никој нема да има сили да победи сам. Моментално, сите ја отфрлаат можноста за соработка со Демократската апртија на Косово на претседателот Тачи, и сега веќе поранешен шеф на парламентот Кадри Весели.
Но, сите тензично го исчекуваат исходот од преговорите со Албин Курти и Демократската лига на Косово на Иса Мустафа. Преговорите се водат околу тоа кој од нив двајца би бил премиер. И двајцата ја сакаат таа улога, бидејќи нивната коалиција има реални шанси да биде победник на изборите.
Врие и меѓу косовските Срби
Но, проблемите не се однесуваат само на Албанците. И помеѓу Србите ситуацијата е тензична.
Дојде до побуна, па србите ќе имаат најмалку две листи, една од страна на Вучиќ (Листа за Србија), која ги поддржува Србите од север на Косово, односно подрачјата кои се споменуваат како можни подрачја за гранична трампа, а другата ќе биде антивучиќ и ќе се смета како предавничка.
Предизборната кампања уште не е почнала а веќе предизвикува бура.
Изборите ќе се случат дури за еден месец.