Свет

Асадовите војници упаѓаат во стапица на џихадисти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Бунтовничката група Јајш ал-ислам објави видео од борбите во областа Источна Гута во близина на Дамаск. На снимката се гледа како борците на опозицијата пукаат и ги убиваат напаѓачите, за кои тврдат дека се припадници на силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Авторите на видеото истакнуваат дека владините сили го почнале нападот во неделата во пет часот по локално време. Бунтовниците, кои чекале во заседа, убиле над педесет Асадови борци, што го документирале со фотографии и видеа.

Во нападот бил уништен тенк Т-72, екипажот загинал, а потоа биле уништени и две возила БМВ што се обиделе да се пробијат и да ги земат телата. Во борбите загинале четири опозициски борци, се вели во соопштението на групата Јајш ал-ислам.

Владините сили дури ни 24 часа по борбата не успеале да ги земат телата на загинатите војници, вели бунтовничката група.

Ал џезира не може да ја потврди автентичноста на снимката.

Поврзани вести

Back to top button