Избор на уредникотМакедонија

Aна и Игор Стојанови своите подароци од свадба ги донираа на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас

Mладата брачна двојка Ана и Игор Стојанови деновиве направија невообичаена донација и ги усреќија децата кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола, пишува Битолски весник.

Ана и Игор кои неодамна правеа свадба во Битола, претходно преку нивните свадбени покани, ги замолија нивните гости наместо букет цвеќе или бомбоњера да им подарат играчки, боенки или сликовници кои тие подоцна ги донираа во Заводот во Битола.

„Секогаш е убаво чувството кога радоста и среќата ќе се споделат со некој друг. Токму затоа јас и мојот сопруг Игор се одлучивме преку свадбените покани наместо букет цвеќе или бомбоњери од нашите гости да побараме играчки, сликовници или боенки  со цел да ги донираме во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола. Морам да признаам дека гостите не изненадија со позитивните реакции и големиот број на играчки кои ги донесоа за дечињата кои ги дониравме, и насмевките и радоста кај децата го исполнуваат срцето и тоа чувство не може да се опише со зборови. Овај наш хуман гест убаво би било да претставува поттик за сите останати двојки кои имаат намера да стапат во брак и да прават свадба и притоа да направат нешто добро и да помогнат каде што е потребно, бидејќи секогаш е вистинско време да се направи нешто добро“ – истакна Ана Стојанов.

Директорката на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола, Анета Ѓорѓиевска, истакна дека ваква донација од двајца млади е реткост. Откако таа е на чело на Заводот, слична донација се немало случено.

„Колегите ми кажаа дека ваква слична донација имале пред повеќе од една деценија и многу ми е мило и големо е задоволството и кај децата и кај сите вработени, што еден млад брачен пар се одлучи да донира на ваков прекрасен, несекојдневен начин. Овие детски реквизити ги користат сите деца, а најмногу оние кои имаат поголеми оштетувања на говорот и гласот“ – изјави директорката, Анета Ѓорѓиевска.

Хуманата мисија на Ана и Игор нека биде поттик за младите двојки во што поголем број да го следат нивниот позитивен пример кој наиде на мошне позитивни реакции.

 Што мисл

Поврзани вести

Back to top button