Американски студенти: „Не сакаме да ни се обраќа воен злосторник, таа ја бомбардираше Југославија!“ (ВИДЕО)
Студентите и професорите од американскиот колеџ Скрипс во Клермонт протестирале против одлуката поранешната американска државна секретарка, Медлин Олбрајт, да зборува на церемонијата на доделување на дипломи, обвинувајќи ја за „воени злостроства“.
Голем број од нив во знак на протест одбиле да седат на истата бина со Олбрајт за време на церемонијата.
Олбрајт, како шефица на Стејт департментот и американска амбасадорка во ОН „ја обликувала интервенционистичката политика на САД во голем број конфликти и поддржала страдања на милиони луѓе“, се вели во писмото, потпишано од 28 професори. Остро се критикува бомбардирањето на Југославија и се укажува на улогата на Олбрајт во акцијата на НАТО.
Членови на наставничкиот персонал протестирале и против „славниот“ коментар на Олбрајт од 1996 година дека смртта на над половина милион ирачки деца како последица на санкциите „вредела“. На Олбрајт, освен бомбардирањата на СРЈ и Ирак, ѝ замераат и за спречување на порешителна акција на ОН со која можел да се спречи геноцидот во Руанда во 1994 година.
Во реакцијата на протестот, Олбрајт во Лос Анџелес тајмс истакна дека студентите „се должни да ги сослушаат луѓето со кои не се сложуваат пред да употребат такви аргументи. Во светот има многу место за мажи медиокритети, но нема воопшто простор за просечни жени“, напиша Олбрајт.