Мистерии

Американски медиуми: Вонземјани постојат, а доказот се крие во овој српски манастир!

 

Американскиот портал „Hafington post“ пишува дека на фреската Христово расплетие од 1350 во манастирот Високи Дечани се наоѓа доказ за постоењето на вонземјаните. Имено, на фреската се гледаат два чудни објекти од левата и десната страна на Исус, пренесе „Блиц“.

freski-vonz1-29695

Теоритичарите на заговори тврдат дека овие несекојдневни прикази се всушност вселенски бродови и со тоа сакаат да го докажат постоењето на вонземскиот облик на живот, но професор од Универзитетот во Њујорк смета дека тоа не е точно.

Како што наведува експертот за историска уметност, овие несекојдневни и чудни детали всушност се небесни тела, пишува „Hafington Post“.

freski2

– Колку и чудно да делуваат деталите на фреската, тие претставуваат нешто сосема вообичаено, месечина и сонце, наведува италијанскиот професор на ренесансни уметности од Одделението за историја на уметноста на Универзитетот во Њујорк.

– Необичноста, без сомнеж лежи во фактот што двете небесни тела, на некој начин го претставуваат „човек на Месечината“ ефектот, а ваквите прикази често се споменуваат во Евангелието, рекол италијанскиот професор.

На некои слики на Карло Кривелли исто така постојат чудни неидентификувани објекти.

freski3

 

Поврзани вести

Back to top button