Албански научник: Скендербег е Словен и се борел за одбрана на христијанството (ВИДЕО)
Познатиот албански професор, историчар и поранешен шеф на албанската дипломатија,Паскал Миљо тврди дека Скедербег бил Славјанин(Словен) и оти семејството било српско.
Гостувајќи во телевизиска емисија посветена на 550-годишнината од смртта на Скендербег, Миљо додаде дека мајката на Скендербег е Славјанка и оти тој се родил како православен.
– Мајката на Скендербег била Славјанка.Зошто тоа треба да не иритира? Вистина е дека тој се родил како православен. Нашите поранешни претци, Скендербег, Арбр, немале исторски расправии,како што имало во подоцнежните векови,ги женеле своите деца едни со други, изјави Миљо.
Посочи дека имињата на децата на Ѓон Кастриот биле словенски.
– Сакале или не треба да прифатиме дека не е случајно имињата да се словенски. Нашата јавност треба да знае дека Скендербег самиот рекол дека е воин за заштита на христијанството.Ова не го велиме ние туку тоа го кажале исторчари пред многу векови, додава Миљо.
Професор доктор Миљо порачува до „Католиците и неуките националисти” дека не треба да се мачат од овие факти.
– Нивниот херој многу повеќе и припаѓа на другите, зашто не војувал за Албанија и за Косово,туку за крстот и словенските провинции, констатира тој.
Еве ја и лозата на Кастриоти