Кој е најбогат Македонец? Еве ја листата која ја направи „Форбс“
Магазинот Форбс ја претстави листата со најбогатите за 2016 година.
САД се земја со најголем број милионери, зад неа е Кина, додека во Европа првото место го делат Германија и Велика Британија со по 120 милионери, а трета е Русија со 88 милионери, а еве каква е ситуацијата на Балканот.
Најбогатиот човек во Србија е Филип Цептер, чие богатство се проценува на пет милијарди долари, потоа Миодраг Костиќ, сопственик на МК груп со богатство од 540 милиони долари, и Мирослав Мишковиќ, кој располага со 520 милиони долари.
Кај Словенците најбогати се Иза и Само Логин, парот кој заработи енормно богатство од апликацијата Токинг Том Кет.
Нивното богатство се проценува на 700 милиони долари.
Во Хрватска најбогато е хрватско-чилеанското семејство Луксиќ, со нето вредност од 15 милијарди долари.
По нив следува австро-хрватскиот милијардер Дитрих Матешиќ, сопственик на Ред Бул, со богатство од 13,4 милијарди долари.
Во Македонија, Forbes вели дека на врвот се наоѓа Јордан Камчев, сопственик на Орка Холдинг, со 238 милиони долари вредно богатство, пренесува Канал 5.
Втор е Минчо Јорданов, сопственик на Макстил со 234 милиони долари.
Најбогатиот македонски нерезидент е Мајк Илиќ, основач на фаст-фуд франшизата Little Caesars, сопственик на Детроит Ред Вингс, со богатство од 6,1 милијарди долари.