Македонија

Видео: Скандал на аеродромот во Истанбул – македонските патници бесни

Mаглата го отежна авиосообраќајот на скопскиот аеродром, поради што дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија. Од утрово не се реализирани летовите кон Виена и Истанбул, од Охрид е пренасочен летот за Ајндховен и Лубек, а реализирани се полетувањата кон Загреб и Гетеборг. Од ноќеска нема слетувања на скопскиот аеродром.

Преполн авион (над 200 патници) кои уште на 21-ви требаше да си се стасани од Истанбул во Скопје сè уште се на ничија земја заробени на терминалите во Истанбул. За иронијата да биде поголема и завчера и вчера авионот стаса до Скопје но не слета и ги врати патниците назад за Истанбул.

Кога слетале во Истанбул настанал скандал, а дошло и до тепачка на нервозните патници со нељубезните вработени. Како што изјавија патниците за MK news – ниту во транзит инфо центарот не сакале да им дадат информација. Ги натерале да си ги земат куферите да излезат надвор од транзит зоната и да се упатат кон шалтерот за продажба на карти за информација на влезот во аеродромот.

Таму никој не сакал да им даде информација, ги шетале од шалтер на шалтер, ги терале да се „прошетаат“ па да се вратат за некое време зошто сега немале информација. Некои од патниците инсистирале на сместување до следниот лет но биле одбиени барем тоа не се случило до 15 часот кога со се куфери биле оставени на аеродромските клупи.

Поврзани вести

Back to top button