Свет

Страшна офанзива на ИСИС

Според последните информации кои ги пренесоа неколку западни медиуми, џихадистите на Исламската држава организирале голема против-офанзива и ја исфрлиле сириската армија од провинцијата Рака. Сириските безбедносни сили со поддршка на руското воено воздухопловство веќе неколку седмици малку по малку напредува и бележи победи во провинцијата Рака – на патот кон истоимениот град кој што е најголемо упориште на ИСИС во земјата.

sirija1

Сириските војници нападнаа од југозапад и тргнаа кон градот Табка, а со оглед на тоа што беше јасно кој град е нивната главна цел, сириските авиони во Рака фрлаа летоци и ги повикуваа џихадистите да се предадат затоа што нивниот крај бил неизбежен.

Но, според последните информации кои засега се потврдени само од опозициските извори – Исламската држава извршила голема контра-офанзива при што според споменатите сириски извори, истата ја исфрлила сириската армија од провинцијата Рака елиминирајќи го притоа сиот напредок кој војската на Асад го постигна во изминатиов период.

Сириските владини сили деновиве беа на само седум километри од воениот аеродром Табка, но тогаш бил организиран колем контра-напад на џихадистите на ИСИС по што сириските војници морале да се повлечат дури 40 километри наназад.

Информациите за контра-офанзивата најпрвин се појавија на веб страниците кои ги контролираат џихадистите, а потоа истатите информации ги пренесе сирискиот опозициски SOHR кој е со седиште во Лондон.

Самиот факт дека неколку клучни опозициски извори ги потврдуваат овие информации не мора да значи дека информациите се целосно точни, но, имајќи во предвид дека првите информации за контра-офанзивата на ИСИС се појавија уште вчера, а во меѓувреме не стигна никаков демант од сириската армија, може да се заклучи дека информациите во најголема мера се точни.

Доколку се покаже дека навистина џихадистите на Исламската држава успеале да ја исфрлат сириската армија од провинцијата Рака, тоа ќе биде сериозен пораз за силите на претседателот на Сирија, Башар Ал Асад – посебно за моралот на војниците.
Од друга страна, оваа победа ќе им даде „ветар во грб“ на џихадистите кои што во последните неколку месеци претрпуваат порази на сите фронтови во Сирија, но и во Ирак и Либија. Сепак, за конечна потврда на овие информации треба да се почека и пред се да се огласи сириската армија која што веќе два дена нема пренесено информации од терен.

Поврзани вести

Back to top button