ВИДЕО: Руската и сириската војска ликвидирале 28.000 џихадисти
Руски функционер тврди дека Русија заедно со сириската армија, од 30-ти септември до денес има елиминирано над 28 илјади милитанти.
Евгениј Лукјанов, висок руски функционер тврди дека руските воени сили, откако ја започнаа кампањата на 30-ти септември минатата година, до денес, во соработка со сириската армија елиминирала 28 илјади милитанти.
„Проценуваме дека на почетокот од нашата операција, Ал Нусра Фронтот и Исламската држава имаа околу 80 илјади борци, а сега 28 илјади (35%) од нив веќе се елиминирани. Ова е резултатот од заедничките акции со сириската војска“, изјави Лукјанов, заменик главен секретар во рускиот Совет за безбедност.
Лукјанов овие бројки одлучи да ги сподели со јавноста на седмиот меѓународен безбедносен самит кој се одржува во градот Грозни, инаку главен град на руската република Чеченија.
Понатаму, заменик главниот секретар во рускиот Совет за безбедност не пропушти да ја спореди руската кампања со кампањата на меѓународната Анти-ИСИС кампања предводена од САД која за дури две години, според руските податоци елиминирала околу 5 илјади милитанти во Сирија и Ирак.
„Некои мислеа дека рускиот воен ангажман во Сирија ќе биде новиот Авганистан или нешто слично. Но, тоа никогаш нема да се случи. Нашиот ангажман во Сирија е ограничен, а главната работа сепак ќе мора да ја завршат самите Сиријци“, изјави Лукјанов.