Свет

Чуркин: Турција е главен снабдувач со оружје на ИД

Турција е главниот снабдувач со оружје и воена опрема на групата Исламска држава (ИД), изјави рускиот претставник во ОН, Виталиј Чуркин.

– Турската разузнавачка служба ги контролира испораките на оружје, се наведува во писмото на Чуркин до Советот за безбедност на ОН, додавајќи дека Москва му предала на Советот информации за нелегална трговија со оружје и снабдување на ИД во Сирија.

Тој пишува дека „Турција е најголемиот снабдувач со оружје на ИД и тоа го прави преку невладини организации“.

– Транспортот најчесто се врши со возила, вклучувајќи конвои со хуманитарна помош, се наведува во писмото и се нагласува дека терористички групи во Сирија минатата година добиле експлозивни материјали преку Турција во вредност од 1,9 милиони долари.

Поврзани вести

Back to top button