„Русија е главната сила која ги брани Христијаните”
„Русија денес претставува главната сила која ги брани Христијаните ширум светот“, изјави патријархот после литургијата во храмот Александар Невски во Москва.
Според неговите зборови, интересите на татковината се интересот на народот, а во моменталната ситуацијата, заштитата на Русија значи и заштита на православната вера, па и општо, целата христијанска вера.
Предводниците на христијанската црква ширум светот во повеќе наврати ја повикуваа светската заедница да го сопре масовниот прогон на Христијаните во сите делови на светот. Тоа посебно се случува во некои земји на Африка, како и Блискиот исток каде што претежно Христијаните се граѓани од втор ред.
Според податоците на безбедносните служби, во изминатата година поради религиски убедувања биле убиени над 7 илјади верници ширум светот.