Свет

На бугарски пратеници забранет влез во Турција

На почесниот претседател на бугарското Движење за правa и слободи (ДПС) Ахмет Доган и на пратеникот од истата партија Делјан Пеевски им е забранет влез во Турција, објави турскиот весник „Сабах“ и телевизијата Стар, јави БТА.

Мерката против Доган е донесена поради неговите „антитурски позиции по кризата со рускиот авион“.

Весникот „Сабах“ и телевизијата Стар посочуваат дека по соборувањето на рускиот авион, тогашниот лидер на ДПС Љутви Местан изјавил дека Бугарија како членка на НАТО треба да стои на страната на Турција, додека почесниот претседател на ДПС и неговиот основач Ахмет Доган зазел проруска позиција.

Двата медиума истакнуваат дека пред високи претставници на ДПС Доган ги оценил зборовите на Местан во поддршка на Турција како „политичка грешка и гаф“ и изјавил дека додека тој бил на чело на партијата, не дозволил на ДПС да биде петта колона на друга држава, додава БТА.

Поврзани вести

Back to top button