Свет

Курдски воинки зазеле воена воздухопловна база од исламистите (ВИДЕО)

Курдски воени единици во кои учествувале и женски воини на тенкови, потпомогнати од руски бомбардери, синоќа зазеле поранешна воена воздухопловна база во близина на Турција, која била во рацете исламистички екстремисти, отсекувајќи ги од Турција, потврди сириската невладина Опсерваторија за човекови права.

Невладината организација ги потврди извештаите за тешки борби меѓу Курдите и милитантите околу базата Менаг, 30-тина километри оддалечена од Алепо.

Сириската Опсерваторија додава дека руските авиони извршиле најмалку 30 напади врз бунтовниците кои ја држеле таа база.

Припадници на курдската милиција ИПГ со тоа го освоиле регионот во близина на граничниот премин кон Турција, користејќи ја моменталната слабост на бунтовниците против кои сириската војска води голема офанзива во околината на Алепо.

Со губењето на воздухопловната база Менаг исламистите останаа без воени бази во покраината Алепо. Исламистите во последните недели се изложени на напади од две страни, напади на Курдите од запад и офанзивата на владините сили северно од градот Алепо.

Поврзани вести

Back to top button