Турската војска започна со силни артилериски удари на регионот Сур, а најжестоките напади се на главниот град во овој Курдски регион, Дијарбакир.
Во тек се жестоки борби против Курдските и турските сили.
Судирите во овој регион траат веќе подолго време, а од вчеравечер состојбата ескалираше и Турција почна да применува минофрлачи и друга тешка артилерија. Реџеп Таип Ердоган на 28 јануари најави дека турската војска ќе влезе во жестоки судири со Курдите со цел ослободување на овој регион кој бара отцепување од Турција.
Од декември во овој регион од страна на турските власте е воведена и вонредна сосојба, односно полициски час, а сега започнаа и жестоките воени удари.
Потестуваме, вчера Министерството на надворешни работи на Руската Федерација соопшти дека режимот на Ердоган го припрема народот во Турција за отпочнување на инвазија врз Сирија.
Судејќи по се, Ердоган одлучил да го запали целиот регион и на тој начин да се пресмета со Курдите и да ги оствари своите цели во Сирија.
Снимките кои ви ги претставуваме се направени во Дијарбакир и ги претставуваат последиците од ударите на артилеријата на војската на Турција: