Живот

На најубавото девојче на светот животот му станува пекол поради мајка ѝ

За Кристина Пименова од Русија (10) се борат угледните модни агенции, а мајка и ги објавува нејзините провокативни фотографии коишто привлекуваат педофили. Кристина се занимава со манекенство од својата трета година, а на писта е веќе од четвртата година.

kristina

Девојчето кое своевремено го нарекоа „најубавото девојче на светот“ има повеќе од милион следбеници на Фејсбук и Инстаграм и профитабилен договор со модна агенција во Лос Анџелес во САД, на што би и позавиделе многу постари колешки. Но, не е се така прекрасно како што звучи.

кристина1

Ова девојче не е среќно, бидејќи мажите ја гледаат како сексуален објект, а нејзината 40-годишна мајка тоа нималку не ја загрижува. Таа по секоја цена сака да го привлече вниманието на јавноста на убавината на својата ќерка, па објавува мноштвото нејзини фотографии на Фејсбук и Инстаграм, пишува „Дејли мејл“.

Дури и луѓето кои не ја познаваат, но ја следат на социјалните мрежи се загрижени за тоа што се случува со неа. Една жена на Фејсбук напишала: „Ги молам нејзините родители да го гледаат секое нејзино движење. Погледнете ги сите овие застрашувачки коментари на мажите под нејзините фотографии. Па таа е дете!!! Таа не е жена! Девојче е!“

кристина2
Профилите на социјалните мрежи ги креирала нејзината мајка Гликериа Пименова сакајќи да привлече дополнително внимание на својата ќерка, во што и успеала, но сигурно не на начинот на кој сакала. На нив често може да видите коментари со сексуална конотација, а манијаците се склони и да ги коментираат нејзините нозе и да ја нарекуваат „бејби“.

кристина3

Гликериа е често на удар на критиките поради фотографиите што ги објавува, а кои многумина ги оценуваат како „провокативни“. Многумина ја осудуваат мајката поради фотографиите на Кристина, а таа ги нарекува педофили сите оние кои во тоа гледаат нешто непристојно. Некои и велат дека не би требало да ја гради својата слава и да ги лекува своите комплекси на сметка на недолжното дете кое има права на безгрижно детство.

кристина4

Освен што Кристина секојдневно ги чита непристојните коментари кои алудираат на секс од типот „Ти си многу секси и ќе ме доведеш до лудило за некоја година“, ги чита и коментарите како на пример, таа не е ништо посебно, ниту е убава итн. Минатата година Гликериа одговорила на бројните напади истакнувајќи дека сите тие се педофили ако сметаат дека дете од 10 години е облечено провокативно.

кристина5
„Мора да размислувате како педофил за да гледате во овие фотографии нешто сексуално, затоа е време да посетите лекар – била остра Гликериа. Таа раскажала уште една ситуација која најдобро покажува колку непристојни коментари секој ден оставаат корисниците на социјалните мрежи покрај фотографиите на Кристина.

кристина6

„Неколку години порано, поставив фотографија од Кристина на плажа на Малдиви како гушка три играчки и се смее. Тие играчки ги држеше пред градите и знаете кои беа коментарите? „Ох, таа ги покрива градите затоа што мисли дека има што да скрие“. Замислете го тоа! Сметам дека таквите луѓе веднаш мора да одат кај психијатар – рекла мајката на Кристина.

Поврзани вести

Back to top button